Нов закон во Унгарија: Само брачните двојки може да посвојуваат деца

Унгарскиот парламент усвои закон со кој практично се забранува истополови двојки да посвојуваат деца.

Во законот, предложен од владата на Орбан, се вели дека само брачните двојки можат да посвојуваат деца, а слободните само со посебна дозвола на министерот за семејство.

Унгарија не дозволува ниту хомосексуални бракови.

Парламентот исто така го измени уставот, кој сега го дефинира семејството како заедница на татко, кој е маж, и мајка, која е жена.

Хомосексуалците досега можеа да посвојуваат деца ако некој од партнерите се пријави да ги посвои децата како самец.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста