Нов термин за домашниот меч на Металург против Спачва

РК Металург потврди, наместо 30 август, за кога првично беше закажан дуелот со Спачва во „Автокомада“, оваа средба ќе се одигра ден порано, на 29 август, сабота, од 19 часот. Реваншот во Винковачко Село е предвиден за 5 септвември од 19.30.

Ваквото поместување е прифатено по барање од раководството на Спачва. Па така, 29-ти месецов покрај Металург, уште две македонски екипи ќе настапат на европската сцена. Бутел Скопје ќе го одигра реваншот против Ѓенѓеш на теренот на унгарскиот тим, каде ден претходно ќе го одиграат и првиот квалификациски дуел од Лигата на Европа, а во СЦ „Јане Сандански“, Вардар против Нексе ќе ја брани минималната победа од Нашице (31-30) за пласман на Фајнфор во СЕХА лигата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста