Нов случај на заболен здравствен работник ја затвори гостиварската епидемиолошка служба и микробиологија

Нов случај на здравствен работник заболен со ковид-19.Се работи за медицински техничар, вработен во гостиварската подрачна единица на Центарот за јавно здравје.

20-тината негови колеги се испратени во домашна изолација,и со ова практично, од вчера се затворени епидемиолошката служба и микробиологија.

Но, како ќе се функционира понатаму,од тетовскиот ЦЈЗ велат , чекаат насоки од Институтот за јавно здравје.

Инаку,кога и како се заразил техничарот сеуште се испитува, исто и каде се движел и извршувал работни задачи.Од сите негови колеги се земени брисеви и резултатите се чекаат.

Загрижува што во полошко се зголемува бројот на медицински лица кои се заразени или во самоизолација.Вчера беше потврден случај на заболена медицинска сестра во Специјалната болница за белодробни болести во Лешок.

Поради овој случај, шест нејзини колеги се во карантин.

Mилена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста