Нов скандал во режија на Маленко кој го урна успехот на младиот пливач Стојановски

Младиот пливач Александар Стојановски, на Кипар исплива извонредно време, постигна исклучително добар резултат за неговата возраст но тој нема да биде верификуван од страна на ФИНА, меѓународната пливачка федерација, затоа што некој одовде го информира организаторот, дека Андреј не е дел од неговата федерација.

Не е тајна, станува збор за Александар Маленко, кој е на чело на една од трите страни, на Пливачката федерација на Северна Македонија.

За своевидниот спортски циркус, кој повторно ќе речам е нешто што може само нам да ни се случува, побаравме мислење од еден истакнат пливачки работник.