Нов скандал во охридската болница: Пациент со сомнителни симптоми со часови останал пред врата

Охридската општа болница повторно ја тресе скандал- на инфективното одделение вчера попладне не бил примен пациент од Лабуништа со сомнителни знаци на коронавирус. Заболениот, придружуван од членови на семејството со часови останал пред вратата на одделението,иако согласно здравствените протоколи најпрвин бил прегледан во струшката општа болница, од каде потоа уредно со упат бил пренесен на инфективното одделение во Охрид.

Апелирам пациентот вчерашен од Лабуништа 59 годишниот, да е последен случај и да немаме веќе проблеми.Да знаеме насоките како и каде треба да се праќаат пациентите бидејќи насока наша добиена е тие пацинети да е праќаат на инфективен оддел во општа болница Охрид.Пациентот чекал околу 2 часа пред влезот на одделенот инфективен во општа болница Охрид, вели Мухамед Асани-дир.на Ошта Болница Струга.

Директорот на охридската општа болница доктор Горан Бале, вчера кажа дека инфективното одделение има ограничен капацитет и дека во моментов таму има 4 пациенти сомнителни на коронавирус,токму од струшко.

 Сега за сега Струга си ги прегледува нивните пациенти ,а ако има потреба од мислење од инфектолог го препраќа тука, а после спрема клиничката слика инфектологот одлучува што ќе прави со тој пациент, рече д-р.Горан Балев-дир.на Општа Болница Охрид.

За конкретниот случај, директорот на охридската болница тврди дека пациентот бил прегледан од  инфектолог кој влегов во болничкото комбе.Бидејќи бил со јасни знаци на коронавирус, соодветно бил третиран и испратен на инфективната клиника во Скопје.

Инаку ова не е прв случај, во период од 26-ти до 28-ми март ,на инфективно не беше хоспитализиран нити еден пациент од струшко,иако беа донесени со исклучително лоша здравствена состојба.Таков беше случајот со 66 годишната пациентка од Татеши која почина дома. Алфа го обелодени и крајно непрофесионалнит и неетичко однесување на лекарите кои 3 часа оставија надвор на ниска температура пациентка од Лабуништа која исто така не сакаа да ја примат,иако имала упат .

Тогаш актуелната директорка на болницата беше разрешена , а ОЈО го испитва случајот со почината пациентка од Татеши.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста