Нов скандал од власта: Заев и Спасовски им наредувале на полицајци да малтретираат и следат функционери на ВМРО ДПМНЕ

Полицајци блиски до СДСМ формирале злосторничка група за време на изборната кампања која требало да следи членови на ВМРО ДПМНЕ за потоа физички да ги малтретира и да им го ограничи нормалното движење, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Членот на извршниот комитет на партијата Драган Ковачки открива дека групата во која биле вклучени над четириесетина полицајци се координирала на апликацијата вибер. Во групата која била именува како „ХХХ“ биле вклучени началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители.

-За изборите било договарано, следење, малтретирање и шиканирање на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачки посочи дека во групата членувале и командирот на ОВР Прилеп – Дарко Цуцулоски, заменикот командир – Ванеса Колашинац, началникот на НККР Прилеп – Емилија Велкоска, како и Кире Китаноски кој е личен шофер на советникот на министерот Спасовски – Оливер Лукароски, кој според конверзацијата во групата е главниот налогодавец. Злосторничката групација составена од полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање на секој кој не го поддржувал СДСМ: „Земете му ја колата и убијте го“, гласи една од координираните наредби во групата.

Кавачки објави форографии од конверзацијата која ја воделе полицајците во вибер групата, според кои давани биле насоки и се договарани и физички пресметки и закани по живот за прилепчани. 

Според опозицијата, полицајците блиски до премиерот Заев и министерот Спасовски координирале активности  за следење па оделе дотаму што што давале наредби со закани по живот за оние кои биле предмет на следење.

Според Ковачки еден од целите на групата бил и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и сега веќе избран градоначалник на Прилеп кој бил следен од полицијата за партиски цели на СДСМ. Нагласи дека во групата се давани насоки и се договарани и други физички пресметки, како и закани по животот на прилепчани.

Од партијата велат дека ова било само дел од доказите со кои располагале за како што велат криминалните дејства кои ги спроведуваат структурите на власта и најавуваат дека ќе објават се што последуваат. Го повикаа  ЈО веднаш да отвори случај против Оливер Спасовски, Зоран Заев и Љупчо Николовски, како одговорни во МВР и СДСМ за овие избори. Испратија и порака до меѓународните претставници во земјава внимателно да ги следат случувањата организирани од власта со цел уривање на демократијата.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста