Нов скандал на Мерко, пак навреди новинар кој го праша дали гради луксузна вила во Ливадиште

Безобразлукот и самоволието на струшниот градоначалник Мерко,нема граница- тој денеска наместо да ги прокоментира обвинувањата на неговиот политичкиот опонент Зијадин Села кој директно посочи дека токму Мерко и нему блиски градат 5 викендички во кампот Ливадиште,бетонирајќи го брегот на Охридското езеро, наместо одговор,си дозволи да им лепи политички етикети на новинарите .
Знам дека и ти си Алијанса и твоето прашање не оди тука, изјави Рамиз Мерко.
И ова не е прв пат,истото се случи пред нецел месец кога само навидум се спроведуваше акција за рушење на дивогради оти истата се сведе на отстранување на само 6 платформи во езерото.И покрај тоа што информацијата за постоењето на 65 дивоградби вдолж крајбрежјето ја добивме од неговата администрација,а во извештајот на Државниот завод за ревизија стои декаима постапки за легализација на бесправни објекти во крајбрежен појас, но и куќи,Мерко упорно и тогаш тврдеше дека тоа се шпекулации,притоа навредувајќи ги новинарите со безобразно и крајно недолично однесување кое не му доликува на еден висок функционер,окуражен од првиот заменик Премиер од зелената ДУИ кој целата ситиација ја следеше со насмевка на лицето.
Тие се шпекулации и тоа големи шекулации.Одете вие имате 500 во Охрид, имате 12 локали во најзаштитениот дел на изворите во Свети Наум.Одоговорите за вашиот дел ! Слушај сега, абе слушај сега ти викаш едно, јас велам друго,овде нема дивоградби.Ако оштината не знае што гледа,и државен завод за ревизија имаше извештај во кој што стои дека иамте над 2.000 дивоградби и тие не знаат што прават? Пак шпрекулирате.Официјален извештај градоначалник од Државен завод за ревизија! Ама ти пак шпекулираш.Писмена сум знам да читам !Не си,Вие ко пописмен од мене кажете.Сите тие дивоградби се пред 2011-та. – кажа Мерко.
Како што и бројот на дивоградби за Мерко беше чиста шпеклација, така и викендичките во Ливадиште биле лага.Но, лидерот на Алијанса Села јавно ја повика Владатаведнаш да ја запре оваа нелегална градбаа, инспекторатот и обвинителството да обезбедат соодветни мерки против нарачателите.
Овој нов криминал во урбанизмот и животната средина се случува само после една недела откако нивната партија го објави своето ребрендирање во зелена партија-напиша Села потенцирајќи дека заменик директорот на ЕСМ кое стопанисува со Ливашите, е исто така е член на ДУИ.
Од АД ЕСМ тврдат дека до сега не е евидентирано дека Мерко, има склучено договор за закуп на земјиште во АК Ливадишта.
Росица Голабоска