Нов, полесен начин на закажување на термини за вадење на нови лични документи во МВР

Нов, полесен начин на закажување на термини за вадење на нови лични документи во МВР

Министерот Панче Тошковски, во емисијата „За или против“ синоќа најави дека од денеска може електронски да се поднесе барање за вадење лични документи со новото уставно име, со што дополнително ќе се олесни начинот бидејќи телефонските закажувања уште се преблокирани. Имено, на веб сајтот termin.mvr.gov.mk,  воведена е нова секција која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи. Во оваа секција наречена „поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин. Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста