Нов обид денеска да се изгласа резолуцијата за Газа

Нов обид денеска да се изгласа резолуцијата за Газа

Советот за безбедност на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за резолуцијата во Газа, откако таа неколку пати беше одложувана поради неможноста да се постигне договор.

Советот, кој е нашироко критикуван за неговата неактивност од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, веќе неколку дена преговара за нов текст на резолуцијата спонзорирана од Обединетите Арапски Емирати.

Гласањето првично планирано за понеделник беше одложено неколку пати, последно во средата на барање на САД, кои на 8 декември ставија вето на претходниот текст со кој се повикува на „хуманитарен прекин на огнот“ во Појасот Газа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста