Нов маркет „Супер Тинекс“ во Аеродром

Започна со работа новиот Супер Тинекс маркет во населбата Аеродром, кој се наоѓа во непосредна близина на Клиниката Мачин дом, на бул. Јане Сандански бр.13 и располага со 969 м2 површина. Новиот маркет Тинех обезбеди 30 нови работни места, со што се придонесува и за намалување на невработеноста во услови на глобална пандемија.

Супермаркетот Тинекс Мајчин дом располага со вкупна површина од 969м2 и е опремен со повеќе различни содржини како модерна пиљара, месарница за свежо месо и сувомесно и млечни деликатеси, пекара, винарија со голем избор на пијалаци и уште многу други содржини.

По повод отворањето, до 19ти декември, за секоја сметка над 999ден., Тинекс ќе подарува пакет производи во зависност од износот на сметката, а дополнително има многу акции, големи попусти и промоции-вели вработена во Тинекс.

Жителите на општина Аеродром отсега ќе имаат уште еден нов, модерен и добро-снабден маркет каде ќе можат да пазарат во пријатна атмосфера и да ги купат бараните производи, по достапни цени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста