Нов корона бран, ама стари проблеми во здравството. Година и половина од пандемијата пациентите кои бараат лекарска помош поради компликации од Ковид 19 се соочуваат со истите маки. Болниците се преполни, а кревет нема ни за лек, барем вака сведочат граѓани кои очајно се обидувале да ги хоспитализираат своите блиски на кои им е неопходна итна медицинска помош. Но, судејќи по она што го пишуваат на социјалните мрежи, во очај да најдат спас,вратите на ковид центрите се затворени за постарите пациенти.

„80 годишен човек со Ковид, има висока температура и нигде утрово не е примен за една инфузија. Ниту во 8 Септември, ниту на Ургентен, ниту во Јане Сандански, Стара градска ни на Инфективна на Клиника. Дали можеме да го однесеме во некоја од приватните поликлиники? Каде би не примиле?“, прашува на Фејсбук жена која очајно се обидува да најде помош за повозрасен пациент.

Ваквиот пост ги зовре користниците на Фејбук. реагираат дека хаосот и неорганизираноста во болниците досега требаше да се реши. Го повикаа министерот наместо да се слика за медиумите, да обезбеди задравствена заштита за секој пациент.

„Во вториот бран истиот хаос, не може пациент да не биде примен, по ниеден закон. Министре, наместо пред камери да седнете во својот кабинет, направете добар тим и реагирајте“.

„Страшно, срамно и нечовечно, значи почна истиот систем како минатата година, ако е повозрасен оставете го. Треба да пружите помош на секој, а не да се селектираат пациенти, каква е таа заклетва што ја даваат докторите?“

„Јас загубив татко годинава. Зошто е тоа така зарем има потреба да се праша? Заради неспособност за органзиација, пуштаа 2 сестри по 12 часа, а доктор ниту еднаш не влегува. Затоа што немаат лекови, ни стручност, ни услови. Затоа што има лешници и лубриканти, но не и клексани. Најбитно, нема менаџер се тоа да распредели правилно“.

„Системот ни е катастрофа, се носат политички, а не здравствени мерки и погрешни протоколи во лекувањето“, коментираа корисниците на социјалните мрежи.

Министерот за здравство пак твдри дека вратите на сите тријажни центри се отворени за ковид позитивните пациенти.

„Болниците се отворени. Матичните лекари ги гледаат пациентите до попладневните часови, во вечерните часови сите доаѓаат во болниците. Во сите тријажни центри и тука во Клиничкиот центар вратите се отворени. Ние имаме систем за проценка, за координација кој каде ќе се хоспитализира ако е тоа потребно“, вели Филипче.

Во меѓувреме притисокот врз болниците расте. Инфективната клиника во Скопје заедно со модуларната болница се целосно исполнети, таму се лекуваат над 130 пациенти. Полн е капацитетот и во Детската болница во Скопје, а вратите за ковид позитивни пациенти повторно ги отвора и Институтот за рехабилитација во Козле. Болниците во Гостивар и Тетово се целосно исполнети, а на работа со ковид пациенти се врати и ГОБ „8 Септември“.

Биљана Божиновска

Advertisements