Нов корона – алгоритам: Од изолација ќе се излегува без контролен тест

Се менува корона – алгоритамот. Пациентите кои прележале Ковид-19, нема да мора да минат два последователни негативни тестови за да излезат од изолација. После 10 дена асимптоматските случаи кои се позитивни на коронавирусот автоматски ќе излегуваат од изолација, а лицата со симптоми после 20 дена. Министерот за здравство Филипче уверува дека одлуката се темели на опсежни истражувања.

”Според МАНУ и според насоките од СЗО нема потреба да се тестираат луѓе кои биле во изолација. Имено, резултатите на испитувањата на МАНУ покажале дека по 10 дена кај асимптоматските случаи нема присуство на вирусот кој може да се пренесе и да предизвика болест, а кај заболените со симптоми, по 20 дена се случува истото“, рече министерот Филипче.

Со новите протоколи, состојбата на пациентите ќе бидe само во рацете на матичните лекари затоа што тие ги добиваат резултатите од тестовите.

И додека бројките на заболени секојдневно се со троцифрена бројка ресорниот министер вели дека состојбата со епидемијата е стабилна, но дека Македонија интензивно се подготвува за полоши сценарија на есен.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста