Нов економски план потготвува Унгарија за економска помош на бизнисот…

Унгарската влада потготвува  нов двегодишен план за зајакнување на економскиот раст кој ќе биде завршен до средината на септември, изјави премиерот Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер вели  во договор со експерти и министри подготвува план за раст кој ќе биде сигурен. Орбан рече дека економската политика на неговата влада била насочена кон зачувување на работни места.

  • Владата успеа да заштити доста голем број на работни места,  вработувањето е зголемено во споредба со јануари. Но, не треба тука да застанеме, треба да се заврши повеќе работа, бидејќи невработеноста во однос на јуни 2019 година е зголемена – изјави унгарскиот премиер.

Во меѓувреме, унгарските инвеститори може да стартуваат со проекти оти им е олеснето со 100 милијарди форинти од следнава година токму од државата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста