Нов еко инцидент – истече солна киселина во близина на МЗТ

Солна киселина истекла од 50-тонска цистерна во околината на „Металски завод Тито“ во скопска Гази Баба. Надлежните се уште молчат колкаво количество на солна киселина истекло, како и колку тоскични материи испариле во воздухот. Случајот го пријавил советник во Општина Гази Баба кој почувствувал непријатна миризба.

Видовме дека од една цистерна истекува некоја киселина што многу лошо мирисаше. Имаше еден поголем облак веќе излезен од погонот и се ширеше накај населбата и многу мирисаше и штипеше на очи. Се работеше за некоја хаварија и присутните кои беа таму потврдија дека станува збор за хаварија, истакна советникот во општина Гази Баба, Дејан Димовски.

Дежурните екипи на Инспекторатот на град Скопје веднаш реагирале и го пронашле сторителот. Станува збор за приватна фирма која работи со прекурзори.

Правниот субјект немаше елаборат за заштита на животната средина. На лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување , истакнаа од инспектроатот.

За случувањата во Гази Баба се огласи и градоначалникот Шилегов кој најави дека ќе поднесе кривична пријава за сопственикот на фирмата која го предизвика истекувањето и го повика Јавното обвинителство сериозно да ја сфати заштитата на животната средина и побрзо да реагира.

Докторите алармираат велат пареите од истечената солна киселина се многу опасни.
Велат солната киселина е корозивно-нагризувачка супстанца, па ако изложеноста е долготрајна, може да направи тешки оштетувања, не само на горните, туку и на долните респираторни патишта и ќе го поремети дишењето и размената на гасови .

Пред речиси еден месец неколку тона на контаминирана вода која содржела метил акрилат се изеа во фабриката Охис, се уште се очекува извештајот за податоци како колку точно вода е истечена, кој е одговорен, и колку токсични материи испариле во воздухот.

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста