Носителите и кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат потврдени во вторник, Села против Ахмети во директен дуел во шестата изборна единица

Носителите во шесте изборни единици и кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат потврдени во Вторник по седницата на Централниот комитет на најголемата опозициска партија. Ден подоцна во среда и официјално ќе бидат презентирани. Мицкоски е убеден во триумф на изборите. Коалициските партнери потоа ќе се одредуваат според програмата.

“Деновиве се привршуваат сите анализи. Структурата е готова. Привршуваат преговорите со коалиционите партнери дел од коалицијата Обнова на македонија, дел стари, дел нови. Се привршуваат последните консултации во рамки на структурата на партијата. Секоја политичка партија која што има програма слична на ВМРО-ДПМНЕ има визија слична на онаа на ВМРО-ДПМНЕ е добредојден”, рече Мицкоски

И паетиите од албанскиот политички блок прават комбинации. Алијанса на Албанците во шестата изборна единица ќе оди со Села. Сигурни се дека ќе го пратат Ахмети во опозиција.

Едно е сигурно дека во шеста изборна единица прв на листата ќе биде Зијадин Села кјој прв пат посчле 18 години ќе го победи Ахмети”, изјави Арбен Таравари од Алијанса на Албанците.

И листите на СДСМ и коалициските партнери ќе бидат познати на 9 Март. Заев ќе биде носител во четвртата изборна единица.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста