Нормализирано снабдувањето со струја во југозападниот дел на земјава

Сите дефекти во преносната мрежа во делот на „МЕПСО“ се отстранети. Нормализирано е снабдувањето со струја во Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места, потврдија од компанијата за Алфа. Од таму велат дека причина за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежи врнежи.

  • Во југозападниот дел на земјава снабдувањето со електрична енергија е нормализирано откако претпладнево во 11.35 без напон останаа два 110-киловолтни далекувода од Вруток до Шпилје и од Битола до Ресен. Причина за испадот се невремето и обилните снежни врнежи. Наши екипи се на тререн, работат на санирање поситни дефекти кои не влијат на снабдувањето со електрична енергија, велат од „МЕПСО“.

Оттаму додаваат и дека за санирање на ситуацијата со далекуводите веднаш излегле на терен над 30 стручни лица со потребна механизација.

Претходно, граѓани на овие градови од југозападниот дел на земјава, кои се грејат на струја, се пожалија дека смрзнувале поради нечија негрижа. Дополнителни главоболки им создаде и снегот кој од синоќа почна да паѓа во Струга и струшко, и предизвика проблеми во снабдувањето со струја. Стружани на социјалните мрежи објавуваат фотографии од бандери кои и не паднале, а каблите кои висат претставуваат сериозна опасност за граѓаните.

Граѓани веќе реагира дека патот од Гостивар кон Маврово бил целосно затрупан, а капак на се било немањето струја. Велат институциите да бидат поажурни и да не спијат во вакви вонредни услови. На планината јабланица имало и отсечени семејства поради големите нанноси на снег.

Инаку, Владата веќе го задолжи „ЕСМ“ да обезбеди 100% од потребното количество струја за 2022, со што би се минимизирал или избегнал увозот на струја, со што се очекува да се намали притисокот врз цената на струјата. Во случај кога се бара поголемо количество јаглен за „РЕК“ и мазут за стартување на ТЕЦ „Неготино“, цената на струјата на берзите стигнува и до рекордни 340 евра за MWH. Па така неизбежно е поскапување на сметките за струја веќе од следниот месец. За колку ќе се зголеми за сега не се знае. Неофицијално сметките би пораснале за над 10%.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста