Низа критики  кон власта во заминување која ги користи и последните денови  за да испумпа пари преку Државните електрани

Низа критики  кон власта во заминување која ги користи и последните денови  за да испумпа пари преку Државните електрани

Делење тендери во време кога треба да се формира Влада е криминално, апсурдно и нелогично. Според упатените, наместо речиси 5-милионскиот договор што власта во заминување го склучи со „Марковски компани“  за изнајмување на багери, камиони и помошна механизација со кој ќе бидат обврзани и новите директори, би требало да се склучи само како времен договор.

Дополнително, одговорните ќе треба да реферираат колкава навистина била потребата за механизација и колку се потрошило .

Според Мавровски многу работи во комбинатот се нелогични, како тоа дека помошната механизација што најчесто е од приватници копа повеќе јаловина од основните машини кои имаат неверојатен капацитет.

Приоритетите за во инднина комбинатот да работи нормално е  фокусот да се стави на ископ на јаловина, а што поскоро да се отвори рудникот Живојно, да се ангажираат сите можни ресурси, човечки и технолошки.

И додека се пишува тендер по тендер и милиони се одлеваат, РЕК Битола најчесто е во хаварија и  работи само со еден блок .  

Инаку, „Марковски компани“ изминатите години е редовен добитник на тендери од државните електрани за РЕК Битола.  Во јавноста остана запаметен оној од минатата година за  фантастични 46 милиони евра.

Не само со Марковски, пред неколку дена, според Бирото за јавни набавки склучен е договор за технолошко чистење на РЕК Битола во вредност од речиси 5.7 милиони евра со  група на понудувачи ОЗОНВЕЈ увоз-извоз ДООЕЛ Битола и ЈС ТРЕИД ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Струмица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста