Ниту еден позитивен од 4032 тестови, Формула 1 може да започне, првата трка утре во Австрија

По 4 месечна пролонгирање викедов конечно стартува и новата Формула 1 сеозна. Ученсниците се во Австрија, вчера на програмата беа и првите слободни тренизи а денеска на патеката “Ред Бул ринг“ ќе бидеат одржани и квалификациите. Освен тоа што настанот ќе се одржи пред празни трибини, ограничено е и присуството на медиумите се со цел да се намали бројот на луѓе а со тоа и можноста од зараза со Ковид 19. Постојат строги правила кои треба да се почитуваат, а севкупниот пероснал како и самите возачи ќе бидат тестирани на секои пет дена. Засега по првата серија тестови каде минаа 4032 лица нема ниту едне позитивен случај. Во случај на позитивен наод при повторно тестирање лицето ќе биде излирано и по направената анкета повторно теситирани сите кои имале близок контакт со него. Што се однесува до останатите правила, задолжително е носењето на заштитина маска кое важи за сите, учесници ќе бидат поделени во групи за да немаат меѓусебен контакт.  Во Австрија инаку предвидени се две трки, овој и слендиот викенд, а потоа Ф1 караванот се сели во Унгарија па Велика Британија, засега предвидено е сеознава да има најмалку 15 трки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста