Ниту дипломатска нота ниту демарш – Ковачевски не реагира за бугарската пропаганда на БНТ4

Адријана Алексиеска

Ниту дипломатска нота ниту демарш – владата како да не знае дека цела година БНТ4 на македонските оператори пласира програма со преиначена историја, го негира постоењето на посебен македонски народ, а македонските револуционери ги претставува како Бугари. После молкот од Министерството за надворешни работи дали ќе реагира, денеска премиерот Димитар Ковачевски само кратко одговори дека ќе разговарал со претставници од ресорното Министерство.

Македонското МНР реагираше за наводни провокации од страна на навивачката група Комити откако бугарскиот премиер му се јави на македонскиот колега. Но во однос на случајот со БНТ4 и други провокации молчи.

Владата, но  и Агенцијата за медиуми се прогласија за ненадлежни. Од АВМУ тврдат дека не може да постапат за спорните содржини емитувани од странски канали. Но сепак, постои Закон со кој може времено да се ограничи реемитувањето на странски програми доколку тие поттикнуваат национална омраза и нетрпеливост. 

На каналот БНТ 4 кој зрачи во Македонија се препеваат и македонски песни, се прекрстуваат македонски градови и се претставуваат како бугарски, а Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и многу други македонски дејци за нив се Бугари.

Македонија и Бугарија лани се договорија преку домашните кабелски оператори во Македонија да се гледа каналот на Бугарската национална телевизија, а програмата од МТВ САТ да ја преземат бугарските оператори – второто не се случи никогаш.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста