Ниските температури уништија половина од овошните насади во тетовско

Покрај вообичаените проблеми со ниските откупни цени, немањето пласман, но и поголема помош од државата, годинава маката на овоштарите ќе биде уште поголема. Ниските пролетни температури уништија половина од овошните насади во тетовско.

Овоштарите сега се молат и се надеваат следниот период, да нема минусни температури, за да успеат да спасат барем нешто од годинешните насади.

Проценките се дека ако вообичаено имало околу 40 тони род по хектар, оваа година се очекува да има едвај 15-тина.

Ако поминеме добро со ова што останало,понатаму имаме фактори заштита, наводнување, ѓубрење,берба, квалитет…Се ќе зависи  што вкупно ќе излезе како трошоци.Продажните цени, пазар,проблеми има..На граница на рентабилност,не би рекол дека заработувачката е многу голема, но што е тоа е..-рече Душко Богданоски- Агроном.

Проблемите на овоштарите се бројни.Поради тоа и познатото тетовско јаболко го има се помалку. Само во општина Брвеница во минатото имало јаболкови насади на околу 350 хектари, последниве години на едвај 15-тина.Иако е познато по врвниот квалитет,наместо да се заштити и промовира,тетовското јаболко, може да исчезне.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста