Ништо од надежта за можно брзо решение на спорот со Бугарија, датумот за датум сега е поместен за декември

По 6-ти октомври, крајот на декември сега бил новиот период за конкретен напредок на македонските евроинтеграции. Премиерот Зоран Заев убедува дека по новиот циклус на избори во Бугарија во ноември, формирањето на новата влада била нашата шанса да се донесе одлуката за преговори. Дека и на крајот на словенечкото претседателство шансите да се случи пресврт во настаните се минимални, индиректно потврдува и Заев – не сакал да ги крева очекувањата, ако се случело ново фијаско.

Дека шансите да се промени сликата за интегративниот пат на Македонија се никакви потврди и специјалниот претставник на Македонија во Бугарија Владо Бучковски. Вели дека треба да бидеме подготвени за бугарските црвени линии.  Во интервју за гласот на Америка на македонски јазик, бучковски вели дека идната бугарска влада ќе биде под голем притисок од еу и сад, но со оглед на политичката криза во која се наоѓа бугарија за сега тешко е да се надева на решение. 

И додека македонските власти молат во Бугарија кај „нашите браќа“ за откочување на процесот на интеграција, албанскиот претседател Еди Рама на форумот во Блед директно му се обрати на бугарскиот колега Радев – наместо европејци бидете балканци и отворете го патот кон ЕУ.

Бугарскиот претседателот Румен Радев, кој исто така учествуваше на Бледскиот стратешки форум, изјави дека притисокот врз Бугарија во наредните месеци на темата Македонија ќе продолжи да се зголемува. Според него, резолуцијата која во јули беше изгласана во парламентот во Македонија го бетонира неспроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година.

-Очекувањата за компромис со бугарија растат, бидејќи во последните години односите со скопје се во ќорсокак и софија остана изолирана, објасни Радев.

Словенија го постави проширувањето на ЕУ како свој приоритет и ќе работи процесот да се забрза, порача и словенечкиот претседател Јанез Јанша.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста