Мицкоски: Со тендер во РЕК „Битола“,дали власта спрема аванс за пред избори?

Дали се отвора нов скандал поврзан со  РЕК “Битола“ со распишувањето  на тендер за ископ на јаглен и јаловина за цела календарска година, на само три месеци пред почетокот на  кампањата за локалните избори?  Со вчерашната објава на својот фејсбук профил, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски искажа такво тврдење, давајќи  го на увид  пред јавноста договорот помеѓу РЕК “Битола“ и градежната фирма “Пелистер“, застапувана од нејзиниот сопственик Силјан Мицевски. Оваа компанија е единствен пондувач на тендерот спроведен  без електронска аукција и со двојно повисока цена за ископ, споредено со неколку години наназат, вели Мицкоски.

  • На тендерот се јавува една компанија. Нема електронска аукција и има само една понуда. Вкупната вредност  на тендерот е речиси 13 милиони евра, а цената е 99 денари  по GJ , додека пред некоја година договор се склучуваше  за 44 денари. ЕСМ 2020 година ја заврши  со загуба од 16,8 милиони евра. Избори се ближат, мора аванс да се земе- вчера напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Од РЕК “Битола“ велат дека во производствениот процес се раководат според сопствените планови, а не според нечии партиски роковници. Елктронска аукција немало зашто на јавната набавка се јавил само еден економски оператор, а цената од 2008 до  јуни 2021 година за ископ во рудниците флуктуира од 44 до 144 денари по гигаџул. РЕК “Битола“ 2020 година ја заврши со салдо нула и без загуби, се вели во дописот од најголемиот енергетски комбинат во државата.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста