ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од Маричиќ и Спасовски за НАТО сертификатите

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ бара одговорност од Власта зошто министерот за правда Бојан Маричиќ  и првиот човек на МВР Оливер Спасовски не добиле НАТО безбедносен сертификат. Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски предупредува за апсолутен скандал и ги повика министрите да си дадат оставка.

„Мислам дека се работи за апсолутен скандал и минимум што треба да направат е да поднесат оставка еве една јавна провокација, јас не сакам да бидам досаден во изјави, значи една јавна провокација до двајцата дали едниот нема безбедносен сертификат заради соработка со служби кои што не се дел од НАТО алијансата вториот заради корупција“ – изјави потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски.

По обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека носителите во власта се носители на корупциски афери, Спасовски се правдаше дека имал безбедносен сертификат од највисоко ниво на доверливост а во тек била и постапката за НАТО сертификатот.  Од владата, пак, соопштија дека министерот за правда Бојан Маричиќ воопшто и немал потреба од таков сертификат.

Според големината на државата меѓу 500 и 600 македонски државјани треба да добијат сертификат за безбедност од НАТО, а постапката за барање е почната за околу 300 државјани – истакна директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации – Стојан Славески – институцијата преку која одат сите барања за безбедносен сертификат.

Славески за Радио Слободна Европа изјави дека десетина државјани кои поднеле барање за сертификат биле одбиени од алијансата – не ја поминале безбедносната проверка оти имало одредени безбедносни пречки. Сепак, за ниту еден од одбиените не требало да се води кривична постапка.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста