Николовски за случајот со партнерот на Царовска за тендерот за дрон: Не сум истражен орган!

Првиот борец против корупција во државава, вицепремиерот Љупчо Николовски се иззема од одговорност за случајот со партнерот на неговата колешка Мила Царовска, кој го доби тендерот тежок еден милион денари од град Скопје за изнајмување дрон за набљудување на шуми.  Не било негова ингеренција да постапува.

-Ние не сме истражни органи да селектираме предмети, да правиме архиви или било што, ниту имаме ингеренции, туку сме тука за системски да ги решиме прашањата кои 30 години никој веројатно не се нафатил да ги реши за да се испорачува правда и одговорност, потенцира Николовски.Заврши времето кога не можеше на кој било функционер да му се спомне името, а не да се бара одговорност, да се покренуваат истраги и да има завршници како овие денес за кој и да станува збор. За секој случај за кој се зборува во јавноста, ги охрабруваме институциите да постапуваат, да покренуваат постапки, да се констатира одговорност, подвлече вицепремиерот.

Царовска неколку дена молчеше во однос на сличајот. Денеска прв пат се произнесе.

Ги прашавме и анатикорупционерите дали има судир на интереси  и дали министерката Царовска злоупотребувајќи ја сопствената положба влијаела нејзиниот партнер да го добие тендерот на град Скопје. Рекоа дека ќе го истражат случајот па ќе одговорат.

Скандалот го обелодени опозицијата. Според нивните тврдења на 4 март Град Скопје и фирмата „Флај кем“ од Скопје склучиле договор за набљудување со дрон на шумските површини на скопската котлина за рана детекција на растителни болести. Сопственик и управител на оваа фирма е партнерот, на министерката за образование. Вредноста на договорот за една година е еден милион денари или 16.250 евра.  Според нив во овој договор е утврдена поединечната цена за снимање на шумите на Скопје за еден квадратен километар (82.600 денари), но никаде во договорот го нема податокот за вкупните шумски површини на Водно, Матка, Гази Баба…

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста