Николовски се фали дека го спречил иселувањето на младите во време кога короната ги затвори границите

Скандалозна објава на вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски. Во ек на пандемија, кога животот како да запре, а светот беше целосно затворен за движење, вицепремиерот се пофали оти Владата сработила толку добро па ретко кој сакал да се исели од земјава.

„Целта е државата да стане подобро место за живеење, а намалување на иселувањето е навистина важно во процесот. Продолжуваме да работиме за што помалку спакувани куфери, изгубени другари, напуштени домови и изгасени светилки!“ напиша на официјалниот Фејсбук профил, Љупчо Николовски.

Ваквата објава на Николовски ги зовре корисниците на социјалните мрежи. Бесни на како што велат бесрамните објави на вицепремиерот, го потсетија дека границите повеќе од една година беа затворени, а сега кога повторно се отворија, вистинска среќа е некој да извади лични документи за патување, оти ги нема. Дел од корисниците и со иронични коментари, велат со добиениот датум за почеток на преговорите и еколошката такса кај горивата иселувањето од Македонија ќе се сведе на минимум.

„Податоци за 2020 и 2021??? Двете години кога имаше пандемија и сите граници беа затворени поради лошото справување на власта со Ковид 19 и без срам се фалите!!!“

„Лесно е да успориш миграција, кога не се издваат издаваат документи, свидетелства и сл, … како да го запишам детето во странство без тоа?“

„Не се иселуваа поради пандемијата, така да не прикажувајте ја ситуацијата дека вие нешто сте допринеле да се променат работите во општеството“.

„Бедна ви е економијата, бедни ви се платите, огромни се сметките, а вие немате ниту план ниту идеја што да правите за подобро утре за граѓаните“.

„Господа ве молам да не се лажете, и да не си давате лажна надеж дека го подобрувате животот и ги премислувате младите да не се селат во странство. Нека ги попуштат мерките уште малце и сите ќе си ги спакуваме куферчината и ќе си заминеме“, коментираат корисниците на социјалните мрежи.

Уште со првиот случај на Ковид 19 во Македонија, во март минатата година, рампите на границите се затворија. Најголемиот дел од западно европските земји, каде македонските граѓани традиционално одат на работа, се уште ја немаат тргнато забраната за патување за нашите државјани. Дел од нив, како Германија, Австрија и Данска, ограничувањата ги олеснија пред три дена.

Инаку, ова не е прв пат вицепремиерот да се најде на удар на јавноста. Слично беше и пред три месеци кога се пофали дека открил 4 тони путер со поминат рок.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста