Николовски: Огромен број граѓани се потпишуваат против законот за попис, очекувам да се соберат 100 илјади

Продолжува собирањето на потписи на граѓаните со цел укинување на законот за попис кој власта го турка на сила. И покрај предупредувањата од страна на опозицијата за непочитување на мерките на Евростат и како што велат правните нелогичности, сепак владата на Заев инсистира на попис. Денеска е втор ден откако опозицијата започна со акцијата за собирање потписни со над 300 пунктови ширум државата, велат бројката на попишани граѓани против законот за попис е огромна.
Сметаме дека големиот одзив на граѓаните, 25.000 потписи само за еден ден, а денеска очекуваме да ја достигнеме бројката од 40.000 потписи што значи дека до завршувањето на целата оваа акција која што ќе трае 21 ден, многу над 100.000 потписи ќе одиме. Сето тоа покажува дека народот, граѓаните на Македонија, македонскиот народ и сите останати кои што живеат во Македонија не се согласуваат со ваков попис, со попис кој што е политички, а не статистичка, попис кој што не ги почитува правилата на Евростат, попис кој што значи дискриминација и попис кој што значи политички договор, вели Александар Николовски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Николовски се надева дека во наредните 20 дена ќе се соберат повеќе од над 100 000 потписи си чија помош во собранието ВМРО-ДПМНЕ ќе бара законот да биде ништовен.
Јас сум убеден дека кога ќе стигне таа огромна бројка на потписи во Собранието која што денес можам да кажам ќе е многу поголема од првично проектираната бројка од 100.000, дека пратениците ќе го усвојат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и овој закон за попис кој што не е согласно критериумите и препораките на Евростат и е политички, а не статистички ќе биде поништен односно укинат, вели Александар Николовски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија пак се децидни попис ќе има.
Иницијативата за собирање партиски потписи против Законот за попис нема да го спречат овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата.
Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди и конечно, како држава ќе имаме целосни, прецизни и релевантни податоци кои ќе послужат за креирање на издржани долгорочни политики за развој-велат од СДСМ.
Иницијативата за граѓански потписи следува откако претседателот на собранието Талат Џафери и ја врати претходната иницијатива на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот да се расправа за законот. Со образложение дека е неисправна бидејќи не била поднесена со новото уставно име на државата.
Според законското решение предвидено е пописот да се реалзиира од 1 до 21 април. Ќе се попишува и населние кое живее во Македонија, но и оние граѓани кои не се резиденти. Роднините на иселениците ќе можат да гарантираат за нивните податоци и етничката припадност.
Мери Ѓорѓиевска