Николовски незадоволен од новинарско прашање, па подели совети до новинарите, што треба да биде фокус на инстерес, што не

На денешната прес конференција на новинарско прашање вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, наместо прецизен одговор, реши да ги советува новинарите што треба да им биде во фокус на интерес, а што не.

Запрашан околу одредени вработувања под сомнителни услови во државните институции, наместо одговор дали ќе биде решен проблемот, Николовски на новинарите им порача да се задржеле на она што било тема на пресот, односно зголемувањето на ингеренциите на инспекциските служби, што секако не е работа на државен функционер, кој не смее да сугерира за што новинарите треба да покажуваат интерес, а за што не.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста