Николовски: Не следат преку двете безбедносни агенции во Македонија

Параполициски структури контролирани од политички центар го следат врвот на ВМРО-ДПМНЕ преку двете безбедносни агенции, повторно алармира потпретседателот на опозицијата, Александар Николовски, кој за Алфа истакна дека нелегално физички и телефонски се следени челниците на партијата и нивните семејства.

Има два начина да тоа е направено, првиот е тоа да се прави преку двете безбедносни агенции во Македонија и заради тоа ќе алармираме до двете надлежни собраниски комисии за следење на работата на овие агенции, штом се формира следниот парламетнарен состав да извршат надзор на овие две тела. Но она на што многу повеќе се сомневаме е дека се работи за параполициски структури кои се раководени од политички, а не од безбедносен центар и дека се работи за следење од страна на параполициски структури што е целосно нелегално, рече Николовски.

Обвинителството засега не отворило предмет откако Мицкоски и Николовски јавно обвинија дека се следени, од таму кусо одговорија дека ќе постапеле тогаш кога ќе биде поднесена кривична пријава со основи за сторено кривично дело.  Николовски истакна дека засега не планираат да поднесат пријава оти се сомневаат дека ќе заврши во фиока.

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати во последниот период предупреди дека се под опсервација, оти власта е исплашена па затоа организираат нивно следење.

Meри Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста