Николовски: И од оваа битка исто како и во историјата и денес Прилеп ќе излезе како победник!

Драги Прилепчани јас сум сигурен дека и оваа битка ќе ја добиете! И од оваа битка исто како и во историјата и денес Прилеп ќе излезе како победник, rече во своето обраќање потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

-За жал од ден во ден расте бројот на заболени од корона вирусот. Прилеп се соочува со голем предизвик – да се заштити здравјето на оние кои се заболени од вирусот и да се спречи понатамошното ширење. Посакувам брзо опоравување на сите. Изразувам сочувство на семејствата на починатите. Посакувам што помалку лоши вести да доаѓаат од Прилеп. За ова да се случи потребно е итно да се направи масовно тестирање на поширока бројка на луѓе кои индиректно би можеле да бидат под опасност. Тестови мора да се набават и да се направи ова тестирање за да се откријат сите жаришта. Бројот на тестирани во Прилеп треба да се брои во илјадници, а не како што е сега. Што повеќе тестирани толку подобра слика за здравствените работници да можат да помогнат на сите. Повикувам во Прилеп на испомош од другите болници во Македонија да се испрати соодветен медицински персонал пред се инфектолози. Исто така повикувам да се зајакнат капацитетите на Битолската клиничка болница, како најголема болница во околината на Прилеп, истакна Николовски.

Advertisements