Николоски: И кога држави водат војни, кога ќе седнат на маса да преговараат сепак се ставаат знамиња на двете страни
Држави водат војни, но кога нивните преставници ќе седнат на маса да преговараат сепак се ставаат знамиња на двете страни. Треба да сте минимум пристоен за ако некој ви дојде на гости да ставите и негово знаме. Но, очигледно, во случајов домаќинот е нецивилизиран.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интревју за „Алфа“ одговорноста за инцидентот во Софија ја лоцира исклучиво на грбот на бугарски власти.