Николов од ВМРО-ДПМНЕ: Дали професионализмот на Комисијата за заразни болести потклекна на барањата на Заев?

По отфрлањето на предлогот за повторно воведување на полициски час од страна на Комисијата за заразни болести, ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција.

На денешната прес конференција, д-р Игор Николов, член на извршниот комитет на партијата, ја праша власта дали професионализмот на Комисијата за заразни болести потклекна на барањата на Заев?

„Ако бројката на новозаразени со корона вирусот беше околу 10 проценти пред две недели од тестираните сега се движи околу 15-20 проценти од тестираните лица дневно.“ – обвинија од ВМРО-ДПМНЕ

Николов потенцираше дека Македонија е црна точка во регионот и пошироко и дека СДСМ ја стави Македонија во кош со најнебезбедните земји во однос на справувањето со корона кризата.

Во продолжение слушнете ја целата прес конференција на Николов.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста