Николоски: Заев го злоупотреби процесот на зачленување во ЕУ со закон за извоз на марихуана

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето на утринската емисија на Алфа ТВ изјави дека Македонија не доби датум затоа што Зоран Заев го злоупотреби процесот на зачленување на државата во ЕУ за да направи корист на сам себе и неговата потесна фамилија, а тоа европските лидери го гледаат.

-Видовме и дека формално се бореше за „датум“ за преговори со Европската унија, во Македонија пушти закон за извоз на сув цвет од марихуана на кој што стави европско знаменце злоупотребувајќи го целосно процесот на зачленување на Македонија во европската Унија, затоа што никаква врска нема марихуаната со Европската Унија. Потоа се чудеше зашто нема датум кога го гледаат лидерите на ЕУ, потенцираше Николоски.

Тој истакна дека се очекува да Зоран Заев направи уште многу слични глупости во наредниот период до формирање на техничката влада и порача дека сите злоупотреби ќе посдлежат на сериозна истрага и ќе бидат санкционирани веднаш откако ВМРО-ДПМНЕ ќе го преземе МВР.

-Очекувам дека во таа насока ќе продолжи да прави глупости во следниве два месеци , да се обидува во Собранието да протне закони кои што се во корист на доредена мала клика, да намести тендери, да покраде што може да се покраде и да злоупотреби што може да се злоупотреби. Но сакам еве тука, да предупредам дека и него и тие кои му биле пајрташи во таа работа да внимаваат затоа ќе има сериозна истрага веднаш после тоа уште со формирањето на техничката влада кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го има МВР. Да не помислуваат да прават криминал затоа што криминалот ќе биде многу брзо откриен, побрзо отколку што мислат и се надеваат, нагласи Николоски.