Николоски: Заев е минато за Македонија

Вчера практично се обзнани и падот на Зоран Заев. Тој од вчера е минато во Република Македонија и заврши неговата политичка кариера, останува запишан на најтемните страници на историјата на Македонија и треба и тие страници да се пишуваат за да паметат следните генерации како не треба, вели Александар Николоски потпретседателот на ВМРO-ДПМНЕ во гостување во утринската емисија Добро утро, секое утро на Алфа.

Николоски потенцираше дека Заев всушност е пример како еден политичар на висока функција може да уништи нешто што децении е создавано.
За жал Зоран Заев е доказ дека еден политичар на врвна политичка функција за три години може да уништи нешто што децении е создавано па дури и векови ако сакате, рече Николоски.

Тој посочи дека Заев на вчерашната лидерска средба се обидел да го изигра претходно договореното, односно доколку се распишат избори да има техничка влада од 100 дена, како и 5 министерства да ги води опозицијата.

Тој проба тоа да го изигра на начин што предлагаше мандатот на таа влада да биде скратен на некаде околу 50 дена, на пола од тоа што е законски, што секако е недозволиво и сериозно би го компромитирал изборниот процес имајќи во предвид дека Зоран Заев не е познат по чист избори знаеме на кој начин злоупотребуваше избори особено во неговиот роден град, изјави Николоски.