Николоски за Алфа: Дака е главниот играч против мирот и стабилноста во регионот

Власта на СДСМ и ДУИ соработува со човек кој е контра евроинтеграцијата на целиот регион во Европската унија, вели за Алфа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој прашува зошто Заев и Ахмети, кои декларативно се заложуваат за влез на Македонија во Европската унија, соработуваат со контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ- Дака, кој според Николоски е против мирот и стабилноста во регионот.

-Дава на главниот играч во регионот кој што е против мирот и стабилноста во регионот, против стратешката ориентација за евроатлантска интеграција во НАТО и во ЕУ. Значи на човек кој што се бори против стабилноста, против евроатлантската интеграција на регионот, власта на Ахмети и Заев дава 200 милиони евра бизнис, изјави Николоски.

Инаку, гласот на Давидовиќ се појави во аудио разговори, кој и тој самиот ги потврди. Во истите тој говореше дека имал средби со премиерот Заев и владиниот генерален секретар Драги Рашковски. Во разговорите вели и дека давал пари со цел да му бидат завршени одредени работи од страна на власта.

-Пред изборите слушнавме разговори кои што се објавија во јавноста, во кои што контроверзниот црногорски бизнисмен Дака Давидовиќ кажува дека дал 300.000 евра мито и дека е спремен да даде уште 2.000 квадрати и дополнителни 2.000.000 евра мито доколку се заврши работата, изјави Николоски.

Дака важи за српски тајкун со руски врски, кој како што можеше да чуе јавноста го финансирал и референдумот за промената на името на Македонија. Медиумите од регионот, пак, го опишуваат како проруски бизнисмен кој ги финансирал противниците на Мило Ѓукановиќ, но и низ други работи кои прават тектонски поместувања на Балканот.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста