Николоски: Потребен е нов договор и општ консензус за да сите одиме напред

Она што е суштина во тој програмски документ кој што ќе стане денес и достапен за јавноста, планираме да го преведеме покрај македонски да го има и на албански, германски, француски, англиски како би бил достапен за меѓународната заедница, но исто така и за нашите сограѓани и Албанци тука во Република Македонија. Значи идејата е да ги поставиме основните 17 точки по кои што планираме да се развива Македонија. И кога ќе го видите првата или основна линија во целиот документ е тоа дека за клучните прашања е потребен општествен консензус. Што значи не само дека ќе е променлив овој текст туку идејата на текстот е да е променлив, да ги отслика позициите кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ, но после тоа да се отвори ВМРО-ДПМНЕ кон дискусија со значајните општествени фактори, нагласи Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во Утрински Брифинг.

„ВМРО-ДПМНЕ ги задржува основните постулати на народна демохристијанска и центар десна партија, тоа се трите столба на партијата и ние немаме намера да отстапиме во однос на тој дел“, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека мора да се има еден систем каде што ќе има апсолутна лојалност кон државата. Многу процеси станаа неодржливи. Во овие 30 години повеќе се има проблем како се гледаат институциите отколку што се прави во нив.

Николоски укажа дека идејата за рамен данок која што даде во даден временски период некаде 2007-2008 година одлични ефекти. Многу држави започнаа да ја следат Македонија и станаа конкуренција намалија прво на 15 па на 10%. Веќе Македонија не е со најнизок данок и ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се намали на 8%. Да се намали основицата за даночно зафаќање затоа што оваа Влада на одреден начин го зголеми данокот иако тој номинално остана ист на начин што ја зголеми основицата на оданочување. И во суштина на зголемена основица на оданочување данокот е сега меѓу 15-17%, а не 10%.

„Како пример е состојбата со енергетиката, односот кон енергетиката нас не носи сега во ситуација да поставуваме многу прашања што ќе се случи после први јануари. А, нема да се случат добри работи, во смисла на цените на парното во Скопје, затоа што за жал само Скопје има централно греење и на електричната енергија насекаде низ државата“, укажа Николоски.

Николоски додаде дека во услови на пернаментна криза која што започна со политичка криза, продолжи со здравствена, и за жал сега ќе има енергетска криза, ВМРО-ДПМНЕ не може да води економско политики кои што се идеолошки ориентирани, затоа што концептите не одговараат во услови на криза, се водат политики кои што се прилагодуваат на времето и кои што во моментов според него во цела Европа повеќе се леви отколку десни затоа што има сериозен државен интервенционизам во значаен дел во економиите и предлогот кој што ВМРО-ДПМНЕ го даде за решавање на енергетската криза е државен интервенционизам.

Николоски посочи дека држава која што требаше да биде меѓу 30-тото или 40-тото место по перцепција на корупција, која што кога ова Влада стана Влада беше на 60-тото место сега е на 111-тото. Македонија да беше на 40-тото место ќе имаше поголем притисок кон Бугарија. Притисок кон Бугарија нема, притисок не е една изјава.

Николоски посочи дека прашање број еден кое треба да се реши во јавноста е дали оваа Влада ќе продолжи или не.

„Ако не продолжи оваа Влада и не се оди на предвремени избори, прашањето на легитимитет на Владата се поставува но исто така тука е прашањето и со кои луѓе условно кажано новиот претседател на СДСМ би составувал Влада. Ако нема вонредни избори, а јас се надевам дека ќе ги има и дека нема да има потреба да одиме на следните чекори, улицата е секогаш природна средина за опозицијата“, рече Николоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста