Николоски: Патриотската политика е таа која носи инвестиции, работни места и подобар стандард

ПАТРИОТСКА ПОЛИТИКА Е ТАА КОЈА НОСИ ИНВЕСТИЦИИ, РАБОТНИ МЕСТА И ПОДОБАР СТАНДАРД.
Работа на врвните политички фигури, вклучувајќи го и Претседелот е да носат инвестиции и да отвораат работни места. Да носат фондови и грантови кои ќе помогнат да се градат автопати и железница, пишува на Фејсбук, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.

Пендаровски реагираше на мојот став дека нема економски бенефит од неговата посета на Брисел. При тоа иронично се осврна на работата на економските промотори кои во периодот од 2008- 2017 година буквално ги обиколија најголемите светски компании и донесоа бројни инвестиции во Македонија отворајќи илјадници работни места.
Истите тие промотори Владата на Заев која го поддржа Пендаровски за Претседател ги отпушти. Затоа денес има најмалку странски инвестиции во регионот, а домашните не се помагаат да инвестираат.
Сепак за информација на Пендаровски странските инвестиции се клучен двигател на македонската економија и извоз. Заклучно со Март 2021 компаниите активни во зоните и понатаму се носители на извозот во земјата со над 48% учество, односно пола од извозот.
На пример ако во 2009 компоненти за автомобилска индустрија биле извезени во вредност од 7 милиони евра веќе во 2019 таа бројка е огромни 3 милијарди и 150 милиони евра.
Но основата на мојата порака кон Пендаровски не се само директните странски инвестиции туку и искористеноста на евроспките структурни фондови. Еве Вучиќ ден пред Пендаровски обезбеди 650 милиони евра грант од ЕУ за брза железница, колку обезбеди Пендаровски? Нула!
Колку проекти кои може да се финасираат преку ЕУ излобира Пендаровски! Нула!
Ако веќе на сите им е јасно дека почетокот на преговори ќе почека, треба државата да се насочи кон искористување на тоа што сега е расположливо од ЕУ. За тоа треба многу умешност, отвореност и искуство околу себе. Тоа го немаат Заев и Пендаровски.
И за крај во пролетта 2018 кажав дека со Заев Македонија нема да почне преговори со ЕУ дури и ако го смени името и ќе оди во иста група со Албанија! Никој не веруваше кога го говорев тоа, за жал се случи! Во 2021 нема преговори и сме во група со Албанија!
Јас сакам да зборувам за големите работи кои како општество без разлика на партиска определба може да ги направиме за Македонија. Патриотскиот предизвик во 2021 е да инвестираме во инфраструкутрата и при тоа да ги искористиме европските фонодви. Кажувам денес и апелирам да се пристапи визионерски, имено ЕУ заедно со САД планираат големи вложувања во зелената агенда со цел намалување на загадувањето, тоа ќе ја опфати цела Европа. Еден од тие сегменти е развој на железница со концептот на брза пруга. Кога веќе со Заев никој не сака да се сретне, Пендаровски ја имаше шансата во Брисел да стане предводник на овие процеси. Не ги искористи.
Ако сме паметни како држава за час и половина ќе се оди од Скопје до Солун. Ќе има квалитетна пруга од Скопје до Охрид и Струга и албанска граница, ќе профункционира пругата Битола–Лерин–Солун, а еден крак кон пристаништето во Игуменица, ќе се изгради пругата кон Бугарија.
Тоа ќе значи десетици илјади нови работни места, странски и домашни инвестиции и повисоки плати. Да го фатиме возот оваа година зашто Бугарија веќе работи да не одмине и да оди преку нејзина територија коридорот север – југ, а Македонија да остане слепо црево.
Со Заев и Пендаровски тешко! Затоа промените се потребни ден поскоро!, пишува Николоски.FacebookTwitterCopy Link

Advertisements