Николоски обвинува за милионски криминал во РЕК Битола преку омилена фирма на власта – ЕСМ реагира за паушални податоци

Николоски обвинува за милионски криминал во РЕК Битола преку омилена фирма на власта – ЕСМ реагира за паушални податоци

Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери во РЕК Битола – Обвинува потпретсердателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој во јавноста објави документи, со кои обелодени дека власта ангажирала приватни булдужери, кои граѓаните ќе ги чинат над 16.000 денари за само еден час работа. Прашува, со овие пари, колку нови булдужери може да се купат, кои ќе бидат во сопственост на државата.

  • „Овој договор кој го презентирам и кој кажав дека чини неверојатни 16.253 денари по час, значи дека Марковски Компани за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра, или за сите 10 булдожери ќе наплаќа 63.000 евра. Отворено се поставуваат неколку прашања: Колку нови булдожери може да се купат со договор од 9.2 милиони евра и тие да бидат во сопственост на државата, а не на омилената приватна компанија? Дали можеби можат да се купат 15 или 20 булдожери кои ќе бидат во сопственост на државата, а не во сопственост на Марковски Компани. Кој поединец, кој граѓанин заработува по 16.253 денари за работа за само еден час или 6.300 евра дневно? Ова го нема никаде!“ – Порача Николоски.

За скандалот кој денеска го обелодени опозицијата, од власта молк. На прашањата од Алфа за обвинувањата од Николски денеска решија да не ни одговорат. Реакција имаше само АД ЕСМ, од каде обвинуваат за инсинуации, но не демантираат, само ја префрлаат одговорноста врз службите на РЕК Битола,.

  • „Во став 4 од член 3 на Договорот за споменатата јавна набавка, јасно и недвосмислено е наведено дека обемот и времетраењето на услугите ги утврдува исклучиво договорниот орган – соодветните служби од РЕК Битола, зависно од неговите потреби.Го потсетуваме потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ дека за првпат после две децении, АД ЕСМ набави механизација за сопствени потреби токму последниве три години.“ – Реагираат од АД ЕСМ.

Николоски прашува и као е можно за народот преку антикризните мерки да се одвојат само од 500 до 1000 денари, кога за своите омилени фирми има да одвојат фрапантни суми.

„Прашувам кој е интересот на власта од овој договор? Кои се скриените коруптивни намери во овој договор и кои се првенците од власта од СДС и ДУИ кои имаат дебела корист од овој договор? Дали е вистина или не, дека врвот на СДС директно ги договара тендерите во РЕК Битола?“ – Прашува Николоски.

Тој го повика обвинителството и сите други надлежни институции да се заинтересираат за овој случај и порача, дека ако тоа не го направат, во следните неколку месеци по промената на власта, тоа ќе го сторат лично тие, а одговорност ќе сносат сите засегнати.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста