Николоски: Новинарите кои објавуваат за криминалите на власта се под притисок и судски прогон

Денеска на собраниската говорница, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изјави дека медиумската слобода во Македонија не секогаш е нешто со што сме можеле да се гордееме.

-Сметам дека најмалце што можеме да направиме е да дадеме поддршка на тројца новинари кои што во моментов се или под судски прогон или веќе имаат донесено судски пресуди за изнесување во јавност информации кои што до нив стигнале од укажувачи а кои што судот проценил дека се од таканаречена државна тајна, затоа што новинарите решиле дека јавниот интерес е пред државната тајна и заради тоа решиле ги побликуваат, истакна Николоски на собраниската говорница.

Во продолжение линк од неговата објава на Фејсбук, каде што може да ја слушнете неговата целосна изјава во врска со оваа тема.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FNikoloskiA%2Fvideos%2F712121486069193%2F&show_text=0&width=560

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста