Николоски: На Македонија и треба датум оваа недела, граѓаните не смеат да останат заложници на корумпираната власт

На Македонија и е потребна одлука оваа недела од Европскиот совет за почеток на преговорите за членство со ЕУ, односно македонските граѓани не смеат да бидат заложници на деструктивноста и корумпираноста на оваа влада. Ова го порача денеска од Рим, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски , во рамки на неговата работна посета.

-Во рамки на работната посета на Рим и на Ватикан овие два дена остварив бројни средби. Ги информирав соговорниците за она што се случува во Македонија, за растечката корупција, за уназадувањето на економијата за злоупотребата на правосудниот систем од владата на Заев, за сите потфрлања со кои се соочува Македонија. Во исто време побарав граѓаните на Македонија да не бидат жртва за политиките на Заев, граѓаните на Македонија не смеат да бидат жртвувани заради корупцијата и неспособноста на Заев. Затоа е потребно Европскиот совет да донесе одлука оваа недела за почеток на преговори за членство со Европската унија, а веднаш потоа влдата да поднесе поставка и да одиме на брзи предвремени избори после кои што ВМРО-ДПМНЕ да ја превземе владата и со способни и одговорни кадри ќе успее да ги реализира реформите кои што се неопходни, не само за прогресот кон Европската унија, но исто така и за македонските граѓани, рече Николоски.

Николоски беше дел од делегацијата на Центристичката Демократска Интернационала ( ЦДИ) која имаше прием во Ватикан. При тоа ја посети црквата Св. Петар, а имаше и аудиенција кај Кардиналот Пијетро Паролони Државен Секретар на Ватикан. Со Кардиланот Паролини кој е прв човек на политичките и државни операции на Ватикан, Николоски разговараше за односите помеѓу партиите со десничарска и христијан-домкратска орентација и Ватикан, беа потврдени односите на највисоко ниво.

Во однос на Македонија и ВМРО ДПМНЕ Николоски ги нагласи одличните односи со Ватикан кои датираат усте од формирањето на ВМРО во 1893, битката за независна црква како и улогата на македонскиот национален херој Гоце Делчев.