Николоски: Македонија тоне! Заев е виновен!

Поминува трета недела од одлуката на Европскиот Совет да не определи датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Заев се обидува да ја префрли вината на други, неговите мегафони го напаѓаат Претседателот Макрон и Франција.
Но вистината е една – Заев е виновен!

Трета недела Заев не излегува со план како да ја поправи ситуацијата. На сите ни е јасно дека се потребни две работи – силни реформи во клучните области, особено владеењето на правото, како и раздвојувањето од групата со Албанија.
План за реформи нема, зашто ако го има Заев треба сам себе да се гони за криминал.
План и барање за раздвојување од Албанија нема зашто така му ветил на Рама!

Македонија тоне! Заев е виновен! Напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Македонија тоне! Заев е виновен!Поминува трета недела од одлуката на Европскиот Совет да не определи датум за почеток…

Publiée par Aleksandar Nikoloski sur Vendredi 8 novembre 2019