Николоски: Македонија доби коалиција на лагата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Александар Николоски денеска се обрати на собраниската седница. Николоски пред своето излагањe посака успешна работа на Собранието, со надеж дека од Собранието ќе излегуваат добри закони кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Република Македонија. 

„Денешниот предлог којшто го имаме тука пред нас за избор на претседател на Собранието е практично плод на политичкото договарање и на коалицијата којашто ја слушнавме и се обзнани некаде пред два дена. Оваа коалиција којашто е коалиција во најава, и коалиција би рекол на продолжеток, е коалиција на лагата“, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека кога се оди на избори, сите кандидати одат се среќаваат со луѓето, разговараат, се даваат предлози и концепти што ќе се сработи во четиригодишниот мандат и се даваат ветувања. Но, она што е најбитно, треба сите кандидати да се држат до ветувањата кои ги имаат дадено за време на кампањата.

„Но, за жал мислам дека мнозинството кое што се потпиша на оваа кандидатура денес го губи образот. Затоа што едните во кампањата зборуваа дека ќе прават друг вид на коалиција доколку победат, а мислам на СДСМ и нивните коалициони партнери, и дека ќе го пуштат ДУИ во опозиција. А, вторите зборуваа дека ќе направат коалиција единствено само и доколку добијат свој кандидат за премиер, односно за претседател на Владата. И едните и другите на тој начин добиваа гласови“, потсети Николоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста