НИКОЛОСКИ: КРИМИ КОАЛИЦИЈАТА СДСМ/ДУИ ДОНЕСЕ ДУП ОД 200 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ОФШОР ФИРМА ОД ПАНАМА

Што се крие зад мини населбата што треба да никне во близина на Тетово која според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски е во сопственост на црногорскиот тајкун Миодраг Дака Давидовиќ?

Оф шор сметки за евентуални матни тансакции, ДУП сменет преку ноќ, нарушување на урбаното живеење, вака според Николовски може да се објасни што всушност се случува на земјиштето на поранешниот гигант ШИК ЈЕЛАК.

Сопственик на поранешниот гигант „ШИК Јелак“ е Миодраг Дака Давидовиќ, преку фирмата „Јелак Градба“ . На просторот на „ШИК Јелак“ крими коалицијата СДСМ/ДУИ донесе детален урбанистички план еден ден по изборот на Владата кој му носи потенцијален профит од 200 мил евра на инвеститорот. Во „Јелак Градба“ управител е лично Дака Давидовиќ, додека како сопственик се јавува фирмата „Адастра груп Корп“ која е регистрирана во даночниот и офшор рај Панама, изјави Александар Николовски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Николовски вели дека Панама била омилено место на бизнисмени кои не мислеле дека иднината на регионот на Балканот е во европската и евроатланската интеграција, а еден од нив, според потпретседателот на опозицијата бил и Дака Давидовиќ на кого двоецот Заев и Ахмети му подариле  вносен бизнис.

Се отвара прашањето дали надлежните институции во Македонија го провериле изворот на средства кои влегуваат во фирмата на Дака Давидовиќ преку неговата оф шор фирма во Панама, кој е изворот на тие средства, како се стекнати?

Исто така легитимно прашање е како и за што ќе се користат средствата кои ќе се заработат од ДУПот во Тетово? Дали ќе бидат испумпувани кон Панама и каде потоа ќе завршат?

Аферата со ШИК Јелак и поврзаноста на црногорскиот бизнисмен со македонските власти ја отвори токму Николовски, кој минативе денови приложи докумети дека во Тетово ќе никнат згради за нови 2.000 станови за 8.000 жители и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот од 200 милиони евра.

Mери Ѓоргиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста