Изгубивме десетина странски инвестиции во Македонија заради неспособната власт на поранешниот премиер Зоран Заев, тврди потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски. На својот фејсбук профил ги наброја фирмите кои не влегоа во земјава.

– Со Зоран Заев во Македонија нема нови странски инвестиции и проекти. Македонија изгуби три години со владата предводена од Заев. Од најавуваниот економски бум во Македонија нема ништо. Владата на Заев не успеа самата да донесе ниту една нова странска инвестиција која започна реално со работа, а која не била претходно комуницирана од претходниот тим, пишува Николоски. Во продолжение неговиот фејсбук статус:

Република Македонија во изминатиов период пропушти шанса да отвори нови работни места преку привлекување странски инвестиции. Странските инвестиции наместо во Македонија завршија во Србија, Бугарија и Албанија.
Со оваа Влада ги изгубивме следните проекти и инвестиции:
– „Леони“ одлучи да инвестира во Србија во Краљево 60 милиони евра и да отвори 5 000 нови работни места
– „Аптив Пакарт“ исто така одлучи да инвестира во Србија во Лесковац и да отвори 3 000 нови работни места
– „ЗФ“ инвестира во Србија во Панчево и планира да достигне 1 000 нови работни места
– „Адиент“ нова инвестиција во Србија во Лозница каде што ќе се вработат нови 1 500 работни места
– „Римастер“ уште една инвестиција во Србија во Парачин. Шведската компанија планира да достигне 1 000 вработени
– „ВОС“ е проект кој замина во Бугарија во Баховица и планира да инвестира 15 милиони евра и да има 1 000 вработени
– „Леони“ одлучија уште една инвестиција да биде во Бугарија во Плевен наместо во Македонија. Нивната инвестиција е вредна 32 милиони евра и 2 000 нови работни места
– „Јангфенг“ е инвестиција во Србија во Крагуевац и ќе достигне 800 нови работни места
– „Јура“ инвестира во Албанија 6.5 милиони евра и отвори 600 нови работни места, а планираат да достигнат до 4 000 нови работни места.

Овие инвестиции носат најмалку 19.000 нови директни вработувања и стотици милиони евра инвестиции.
Наместо отворање на нови странски инвестиции и нови работни места во Македонија, изминатиов период гледаме криминал, корупција, неспособност и скандали. Странски инвестиции се привлекуваат со работа и посветеност, а не со криминал и корупција. За време на предвремените парламентарни избори во 2016 година тврдеа дека ќе се подобрат условите за домашните компании. И од тоа ветување нема ништо – НЕМА НИТУ ЕДНА НОВА ДОМАШНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ТИР ЗОНИТЕ
Новата Влада од ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени ова. Ќе работи на привлекување на странските, зголемување на домашните инвестиции и силна економија. Со силен економски тим ќе го подобриме животниот стандард за сите во Македонија. Со Заев Македонија изгуби три години. Време е да се променат работите, заклучува Николоски.