Николоски: „Иловица“ доби дозвола за работа откако се продаде на фирма во Кајмански острови, а директор е син на бугарски бизнисмен
Рудникот „Иловица“ преку ноќ доби дозвола за работа откако се продаде на фирма со седиште на Кајмански острови, а директор стана син на познат бугарски бизнисмен, обелодени потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Тој рече дека е против отворање на рудникот во тој регион, зашто ќе го уништел целиот крај кога би почнало да се копа.
- На оваа адреса е регистрирана фирмата која што ја презема „Иловица“. Што е следно интересно? Таа фирма „Galena Asset Management “ во моментов поседува 53 отсто од Иловица. Значи станува доминантен сопственик со 53 отсто оваа фирма од Кајманските острови. Таа фирма „Galena Asset Management“ го поставува за директор на Иловица Иван Вутов, за кој што јасно вели дека нивни претставник во бордот на директори на Иловица ова е Иван Вутов. А, она што е интересно за Иван Вутов е дека е син на Цоло Вутов, еден од најбогатите луѓе во Бугарија, близок пријател на актуелната власт во Бугарија. А, за него е кажано дека во рамки на „Галена“ тој има доминантно учество односно овие 53 отсто, да поедноставам најверојатно се сопственост на Цоло Вутов, истакна Николоски.
Николовски посочи дека и весниците низ Велика Британија како што е „Daily mail“ пишувале како претседателот Обама сугерирал дека во зградата каде е регистрирана фирмата за рудникот, имало над 20.000 фирми, па според него, се работело за најголемата шема за перење пари.
- Во тек на 2019-тата година со дозвола од Комисијата за заштита на конкуренција која што е владино тело „Еуромакс“ е продадена на сомнителна фирма регистрирана во Кајманските острови, веројатно луѓето никогаш и не слушнале за Кајманските острови, наречена „ Galena Resource Equities Limited “. Што е интересно? Интересно е дека таму каде што е регистрирана оваа компанија се регистрирани уште ни помалце ни повеќе уште 22.000 компании. И претседателот на САД, господинот Барак Обама во тоа време зборува дека се работи за најголемата шема за перење на пари, а тоа е оваа зграда во која што е регистрирана прилично малата компанија. А, во таа зграда се регистрирани ни помалце ни повеќе туку над 20.000 компании, нагласи Николоски.
Инаку претходно, активисти од граѓански организации заедно со жители од Иловица и Штука со жив ѕид и моторни возила го блокираа патот до рудникот на планината Огражден. По бројните протести и блокади во текот, се одржаа и два локални референдуми во Ново Село и Босилево. Резултатот покажа дека преку 90% од населението се изјаснило против рудникот. Но, Уставниот суд одлучува да ги поништи зашто не бил постигнат цензус од над 50%.
Борис Грујоски