Николоски го „повредил“ Заев- која е вистината за рекет тежок 20 милиони евра?

Премиерот Зоран Заев знаел дека неговите високи партиски функционери лобирале кај македонските бизнисмени, да инвестираат во проектите на Бојан Јовановски и Меѓународниот сојуз. Во Граѓанскиот суд првиот човек на македонската Владата, одговараше на прашањата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, против кого поднесе тужба за клевета, поради изјава дека Заев стоел зад рекет тежок 20 милиони евра во Македонија. Вели таа изјава ја дал откако добил информации од загрижени граѓани, но и од медиумите, а целта била да се отвори политичка дебата.  

-Целокупниот врв на СДСМ бил во акција на стимулирање на инвестиции, како што кажа Зоран Заев. Односно сите тие оделе кај овие бизнисмени да инвестираат. Па логичното прашање е како во корист само на еден човек оделе да стимулираат инвестиции. Зошто некој обичен човек од улица не го земат да го носат кај најмоќните бизнисмени и да стимулираат инвестиции, изјави Заев.

Николоски постави и прашање дали Заев како бизнисмен би инвестирал макар и едно евро за проект на сомнителен човек како Боки 13, прашање кое од судот не беше дозволено, а според Николоски било клучно. Премиерот потенцираше и дека неговите колеги лобирале за инвестиции во проектите на Јовановски, но тоа било со најдобра намера.

-Не е честа пракса, но постои и впрочем многу често е обврска која носителите на јавните функции ја имаат за лобирање на инвестиции, но со позитивистички аспект, со почитување на законите. Тоа им е работа да поттикнуваат инвеститори. Никогаш никој не принудувал никого, кажа Заев пред судот.

Заев беше запрашан и за средбите кои тој и неговите партиски колеги ги имале со Боки 13 во минатото, дел и во домот на Јовановски. Вели како дел од партиските активности сите функционери оделе по домовите на луѓето. Инаку, токму Јовановски по пресудата за „Рекет“ порача рекетираните пари во Македонија да ги бараме кај браќата Зеви, што според Николоски е уште причина зошто тој можел да ја даде таа изјава.

-Пoлитичката кампања во Македонија започна, виде донесовте политичка пресуда. Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски, кажа Боки 13.

Заев во својот исказ пред судот изјави дека оти со јасно смислена намера, заради политички цели споделени биле апсолутни невистини за случајот „Рекет“ со цел да се урнело неговото име.

Матеја Петровски

Advertisements