Николоски: ЕСМ му дала 2 милиони евра на омилениот Марковски за дислокација на делови од ТЕЦ Осломеј, што до денар соодветствува со проценетата вредност

Николоски: ЕСМ му дала 2 милиони евра на омилениот Марковски за дислокација на делови од ТЕЦ Осломеј, што до денар соодветствува со проценетата вредност

Продолжувам со објавувањето на индиции за криминал во работењето на Електрани на Македонија. Овој пат ќе зборувам за состојбата во термоелектраната Осломеј кај Кичево чија што цел односно целта на раководството на Електрани на Македонија е да ја затвори оваа термоелектрана и на тој начин илјадници луѓе од Кичево и кичевско да изгубат сопствената работа, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во таа насока на 14 февруари 2024 година Електрани на Македонија склучува криминален договор од речиси 2 милиони евра, повторно со омилениот тендераш на власта, Борче Марковски, почесниот конзул на Белорусија во Македонија. Предмет на овој тендер е специјализирани браворско-заварувачки работи за дислокација на погонски станици од рудникот во Осломеј во рудникот во Битола. Значи и за уништување на термоелектрана пак го бираат Борче Марковски, така што специјалистот за тендери во четири очи и за ископ стана и специјалист за пренос на тракасти транспортери и погонски станици. Ова е специјализирана услуга која ја работат неколку специјализирани фирми во светот, но секако тоа не е проблем за омилениот тендераш на власта и почесниот конзул на Белорусија во Македонија, рече тој.

Николоски посочи дека она што е исклучително интересно е дека и на овој тендер има само една понуда и проценетата вредност до денар одговара на понудената вредност.

Па прашувам како точно само Марковски компани во Македонија знае колку е и проценетата вредност и таа вредност точно одговара на она што тие го даваат како понуда и како само таа компанија доставува понуда. Ова е тој документ каде може да видите дека 106 милиони 200 илјади денари е проценета вредност, 106 милиони 200 илјади денари е понудата и има само еден понудувач. Ова е само врв на ледената санта која плови низ криминалот во Македонија каде само од 2021 до денес Марковски компани има добиено преку 163 милиони евра во тендери од Електрани на Македонија. Повикувам јавното обвинителство и надлежните органи да се позанимаваат и со оваа јавна набавка како и со целокупното работење на Марковски компани со цел да излезат на виделина сите коруптивни скандали. Прашувам кој е интересот на власта да ја протежира исклучиво оваа фирма и да мести тендери во корист на оваа фирма, кој е интересот на власта сите јавни набавки во Електрани на Македонија потребни непотребни да одат само на едно место, вели Николоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста