НИКОЛЧЕ МИТРЕВСКИ МУ ЈА ДОНЕСЕ ПРВАТА ПОБЕДА НА ПОРТО ВО РАКОМЕТНАТА ЛШ

Николче Митревски запре 13 топки и најдиректно го водеше својот тим Порто до прва победа во Лигата на шампионите. Португалците и нашиот репрезентативен ракометен голман славеа против Мешков Брест со 29-27. Во другите синоќешни средби Флензбург го изненади ПСЖ на гости со 29-28, Киелце беше подобар од Пик Сегед со 26-23, а Алборг од Мотор со 38-29. Како Вардар нема да игра ппротив Елверум денеска се играат три средби од второто коло во кои: Кил се соочува со Нант, Веспрем со Загреб, а Барселона со Цеље.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста