Никола Јокиќ го „урна“ Мемфис, рекордна тројкашка ноќ за Стеф Кари

Никола Јокиќ уште еднаш потврди зошто е број еден за МВП во регуларниот дел од НБА. Денвер во драматичен меч го победи Мемфис со 139-137 по две продолженија, а токму Јокиќ со тројка го однесе мечот во дополнително време, и на крајот заврши со 47 поени, 15 скока и 8 асистенции.Брилијантен изминатата ноќ беше и Стеф Кари во победата на Голден Стејт кај Филаделфија со 107-96. Кари реализираше 49 поени со 10 тројки, што е шестти меч по ред со двоцифрен број удари од полето за три, ваков учинок досега немало во историјата на НБА. Од останатите средби, домашни победи за Детроит, Мајами и Вашингтон, а на гости се радуваа Чикаго, Сан Антонио и Милвоки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста