Никој не кажува – ја оправија ли националната платформа за далечинско учење?

Дали е готова конечната верзија на националната платформа? Надлежните најавија дека по еден месец, додека се користат услугите на Microsoft Teams, националната платформа ќе ја добие конечната верзија. Но нема никаков абер од министерството до каде се и дали е готова. Ако уште не е готова, дали тоа значи дека државата ќе продолжи и ќе му плаќа на Teams за можноста до сега децата да учат на далечина?  Ја прашавме пред се кооординаторката за националната платформа, Александра Ружин. И писмено, и телефонски, но до овој момент одговор нема.

Неодамна екс-министерот за образование, Арбер Адеми, рече дека од УНИЦЕФ сме имале подготвена платформа за онлајн настава, која била  без пари за нас, но таа не е оваа која сега се користи.  Ако сме имале веќе добро понудена бесплатна платформа зошто не се прифатила истата, а сега сме во ситуација државата да троши пари на услуги на Microsoft Teams, оти нашата национална очигледно не е готова. Прашавме и во министерството, но одговор уште нема и од таму.

Инаку, почетокот на учебната година беше пролонгиран, од први септември за први октомври, а за тоа време според надлежните националната платформа се подготвуваше. А кога требаше да се стартува, крахираше.  Александра Ружин се  појави само еднаш пред јавноста на 30ти септември правдајќи го крахот со тоа дека во време на пандемија била правена платформата.

Во меѓувреме,  според информациите околу 80 проценти од учениците следат онлајн настава, а 98 проценти од прво до трето одделение посетуваат настава со физичко присуство. Нема детали дали за сите 40 илјади деца кои не можеа да следат онлајн настава се најде целосна солуција. Решението на надлежните беше преку телевизиска училница.

Инаку цените за Microsoft Teams, што инаку е достапна и во бесплатна верзија но само за определен пробен период, чинат со почетна цена од 5 долари месечно по корисник.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста