Никој како Вестбрук – „срушен“ НБА рекордот на Робетсон, стар 47 години
Шест натпревари од понудата на НБА изминатата ноќ. Во центарот на вниманието, Расел Вестбрук, кој промаши тројка за победа во последните секунди, и дозволи Атланта да се радува со тесни 125-124 кај Вашингтон. Сепак, за Вестбрук овој меч е историски со оглед на неговиот 182-ри трипл дабл во кариерата, со кој го урна рекордот на Оскар Робертсон поставен пред 47 години. Сега, Вестбрук на вечната листа има еден трипл-дабл повеќе од Робетсон, а дури 42 повеќе од Меџик Џонсон. На останатите средби, Голден Стејт-Јута 119-116, Сан Антонио-Милвоки со 146-125, Портланд – Хјустон 140-129 и Мемфис-Њу Орлеанс 115-110 и Кливленд-Инидијана 102-111.
КАТЕГОРИИ Спорт